Се степал со алфи, не го пуштиле да моча на Плоштад

08.05.2011 15:17 | KumanovoNews

 Пијан кумановец натепал полицајец затоа што не му дозволил да уринира на споменикот на „Батко Ѓорѓија„ во Куманово.

Се степал со алфи, не го пуштиле да моча на Плоштад

Инцидентот се случил во 01.40 часот по полноќ на градскиот плоштад „Маршал Тито“, кога полициските алфи, при редовните контроли го заблежала Трајче Д.(25) како врши физиолошка потреба врз споменикот. Кога полицајците се обиделе да го спречат во намерата, кумановецот се побунил и започнал физички да се пресмета со нив. При тоа со тупаница удрил еден од полицајците во пределот на лицето, и му нанел видлива повреди на левото око и носот. Алфите на сила го совладале и го однеле во полициската станица.  По извршеното алкотестирање било утврдено дека  насилникот имал 1.8 промили алкохол во крвта. Против Трајче Д. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за напад на службено лице и недолично однесување.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk