Се степале додека делеле имот

10.01.2018 11:50 | KumanovoNews

 Кумановската полиција поднесе кривична пријава против С.Ф.(41), О.О.(50), Ф.Ф.(37) и И.О.(59), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека  сториле кривично дело насилство.

Се степале додека делеле имот

Во јуни минатата година пријавените со две возила пристигнале во с.Липково со цел да ги разделат личните работи на сестрата на Б.Ќ.(26)-И.Ќ. и Е.О., кој бил син на четвртопријавениот и живееле во вонбрачна заедница. Додека пријавените биле заедно пред влезната врата од куќата сопственост на О.М. с.Липково, по вербална расправија со Б.Ќ., истите физички го нападнале удирајќи го со тупаници и клоци во пределот на главата и телото, додека третопријавениот му вперил пиштол, му се заканувал, а потоа и го удрил со пиштолот во пределот на главата.

Од нанесените удари Б.Ќ. се здобил со телесни повреди по главата и телото, констатирани од лекар во oпштата болница- Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk