Се степале, па му скршил подлактица

27.09.2013 12:29 | KumanovoNews

 Двајца кумановци се степале во центарот на градот по што едниот завршил со скршена подлактица.

Се степале, па му скршил подлактица

Инцидентот се случил на улицата “Гоце Делчев“, кога М.С.(48) прво почнал расправија со С.К.(51), а потоа се степале. При тоа М.С. го удирал  С.К. со тупаници по телото при што му ја скршил подлактицата.

М.С ќе одговара за кривично дело тешка телесна повреда.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk