Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Камион со српски регистарски таблички и патнички автомобил со бугарски национални ознаки се судриле попладнево на автопатот Куманов-Скопје, во близина на наплатната рампа Романовце.
Сообраќајната несреќа се случила додека двете возила се движеле кон Скопје. Во моментото кога требало да се престројат во една коловозна лента, поради градежните работи на патот, возилата се судриле. Во судирот возачот на автомобилот се здобил со тешки повреди, а сопатникот со полесни. Возачот на камионот останал неповреден.
Извршен е увид на лице место и се утврдуваат причините за несреќата.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk