Се судриле мотокултиватор и „југо“, еден повреден

20.07.2016 09:44 | KumanovoNews

Едно лице е потешко повредено при судир на мотокултиватор со прикоилка и „југо“ на улицата “11 Октомври“, пред сокарницата Кватро.

Се судриле мотокултиватор и „југо“, еден повреден

Според СВР Куманово, сообраќајната несреќа се случила синоќа во 22.40 часот, кога од засега непознати причини дошло до судир на возилата. Мотокултиваторот се превртел, а приколката се превезувале 4 лица. При тоа еден од патниците се здобил со тешки повреди и пренесен е на лекување во Кумановската болница. Полицијата извршила увид на лице место и работи на утврдување на причините за несреќата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk