Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Куманово – Свeти Николе кај м.в „Кантонче", повредени се неколку лица.
Несреќата се случила завчера околу пладне кога трактор „ИМТ 533" со лесна приколка со светиниколски регистарски ознаки, управувано од Р.Д. (60) се судриле со патничко возило „форд транзит" со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.В.(21) од Струмица.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на тракторот и сопатникот на тракторот Р.Н. (20) од Св.Николе. Возачот на патничкото возило и сопатниците добиле повреди. По укажаната лекарска помош тие се пуштени на домашно лекување. Увид на лице место извршила екипа од полициската станица од Св.Николе.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk