Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во водите на Охридското Езеро на плажата Магнус, околу пладне се удавило момче.
Како што пренесуваат локалните медиуми момчето е од Куманово.
Несреќата се случила кога момчето скокнало од педалинка на која било со своите другари. По пребарување на езерото било пронајдено безживотното тело на момчето.
И покрај обидите за реанимација, спасувачките екипи и полицијата не успеале да го спасат момчето.
Се истражуваат причините за несреќата.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk