Се удави момче во реката Пчиња

18.08.2019 20:09 | KumanovoNews

 Петнаесетгодишно момче од селото Љубодраг попладнево се удавило во реката Пчиња во селото Шупли Камен.

Се удави момче во реката Пчиња

Несреќата се случила во 16.15 часот, кога детето заедно со своите другарчиња  влегло да се капе во еден од вировите, длабок 3,5 метри. Притоа го повлекла водата пропаднало на дното и не се вратило на површината.

Луѓето кои биле со него се обиделе да го пронајдат, но безуспешно. Веднаш била известена полицијата која пристигнала на лице место и заедно со мештаните ја започнала потрагата.

По еден час било извадено безживотното тело на несреќното момче.

Увид на лице место извршила полицијата и јавен обвинител. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk