Се укинува меѓуградскиот и градски превоз, се затвораат продавниците во трговските центри во Куманово

24.03.2020 17:09 | KumanovoNews

 Се укинува меѓуградскиот и градскиот превоз и се затвораат сите продавници кои се наоѓаат во полуотворени трговски центри во Куманово, за да се спречи ширењето на вирусот меѓу граѓаните, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

Се укинува меѓуградскиот и градски превоз, се затвораат продавниците во трговските центри во Куманово

Овие дополнителни мерки се однесуваат само на Куманово, а донесени на  денешната владина седница. 

Прво ќе се укине целосно меѓуградскиот превоз, помеѓу Куманово и сите останати градови. Понатаму се укинува градскиот превоз. Се дава препорака да се затворат сите продавници во трговските центри, кои не се во моловите, меѓутоа се формално полуотворени трговски центри. Донесовме одлука каде што се задолжи Институтот за јавно здравје за поинтензивна работа, не само во Куманово туку во целиот кумановски регион, со оглед на тоа што една од позитивните медицински лица живее во околината на Куманово, - изјави Филипче. 

 Министерот смета дека со овие дополнителни мерки има сериозна шанса да се спречи патот на ширење на вирусот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk