Се укинува пролетниот распуст за основното и средното образование, најави министерката за образование

08.08.2024 15:32 | KumanovoNews

Се укинува пролетниот распуст за основното и средното образование, рече денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Се укинува пролетниот распуст за основното и средното образование, најави министерката за образование

Министерството за образование и наука во јули испрати прашалник до наставниците, родителите и учениците да го дадат своето лично мислење за организирање на пролетен распуст во учебната 2024-2025, поради различните ставови во пролетниот рапуст во измината учебна година.

„Финалните одговори на родителите и повозрасните ученици покажаа дека не сакаат пролетен распуст и оваа година нема да има. Во одговорите наведуваа дека учениците губат од континуитет, дека помалите ученици нема кој да ги чува за време на тој распуст, дека едноставно тој распуст прави повеќе компликации одошто носи бенефити“, рече министерката, одговорајќи на новинарско прашање во Булачани.

Учебната година ќе почне на 2 септември, а освен за матурантите, за сите други ученици ќе заврши на 10 јуни 2025.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk