Се укинуваат ковид протоколите во градинките

09.05.2022 21:38 | Сузана Николиќ

Владата на редовна седница ги прифати предлозите на Главниот координативен кризен штаб утврдени според препораките на Комисијата за заразни болести.

Се укинуваат ковид протоколите во градинките

„Согласно овие предлози, Владата донесе заклучок според кој престануваат да важат сите рестриктивни мерки освен задолжително носење заштитни маски во здравтсвените установи, аптеките и во установите за згрижување мна возрасни лица и лица со попреченост“, соопшти Владата.

Поради тоа, Министерството за труд и социјална политика,  ја известува јавноста  дека спроведувањето  и  почитувањето  на  општите  и  посебни   мерки   и   протоколи   за  заштита  од  ковид - 19 во предучилишните установи престануваат да важат. ​

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk