Се уредува дворот на техничкото училиште „Наце Буѓони“ во Куманово

17.12.2020 15:21 | KumanovoNews

Привршува партерното уредување на дворот на кумановското техничко училиште „Наце Буѓони“.

Се уредува дворот на техничкото училиште „Наце Буѓони“ во Куманово

Со овој проект е предвидено целосно да се уреди дворот, просторот околу спортската сала, да се постават бекатон патеки, да се поврзат работилницата, училишната зграда и спортската сала, како и да се поврзат двата влеза околу училиштето.

„Досега се направени стазите, се` е тампонирано, поставени се цевките за гас и во моментот се поставува асвалтот, а утре ќе се асвалтира и паркингот. Очекуваме партерното уредување на дворот да заврши за недела дена“, вели Драган Jаневски, директорот на ОСТУ „Наце Буѓони“ во Куманово.

Тој додава и дека во моментот се работи и на поставување на инсталацијата за греење во работилницата, којашто учениците ја користат за изведување на практичната настава.

„Започнато е и поставувањето на инсталацијата за парно греење во работилницата, но тие се во почетна фаза. Фасадната столарија ја очекуваме да пристигне, според моите сознанија прозорците се спремни за два спрата, а останатите се во подготовка“, вели Јаневски.

За партерното уредување на училишниот двор, спогласно распишаниот тендер беа предвидени 3,3 милиони денари, за фасадната столарија 2,5 милиони денари, а за парното греење на работилницата 2,2 милиони денари.

(Ф.М.)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk