Се вакцинираше градоначалникот Димитриевски

17.05.2021 20:26 | KumanovoNews

Градоначалникот Максим Димитриевски, денеска се вакцинираше на вакциналниот пункт во салата на средното училиште „Перо Наков“ во Куманово.

Се вакцинираше градоначалникот Димитриевски

„Денеска примив „Синофарм“ вакцина, како и најголем број на граѓаните кои се вакцинираат овде. Инаку сите вакцини се добри, апсолутно верувам дека е сигурна и безбедна за секој граѓанин“, изјави Димитриевски.

Тој ја пофали организацијата во регионалниот пункт за масовна имунизација и се заблагодари на здравствените работници, волонтерите од Медицинскиот факултет од Штип, претставниците на Црвениот крст, МВР, АРМ за помошта и поддршката на граѓаните во процесот на имунизација.

 Димитриевски ги повика граѓаните да го искористат правото, да се имунизираат, бидејќи тоа е најдобриот начин да се заштитат од вирусот.

Општината Куманово даде логистичка поддршка за оспособување на училишната сала „Перо Наков“ во населбата Бедиње во регионалниот пункт за масовна имунизација.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk