Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
МЕПСО од утре ќе го вклучи под напон новозградениот 400 киловолтен далекувод, со кој директно се поврзуваат електропреносните системи на Република Македонија и Република Србија.
Новоизградениот високонапонски далекувод е линиски објект и се простира од трансформаторската станица Штип до македонско- српската граница, поминувајќи низ териториите на општините Штип, Карбинци, Свети Николе, Куманово и Старо Нагоричане.
“Со оглед на тоа што се работи за енергетски високонапонски 400 киловолтен далекувод, кој што е објект од јавен интерес, потребно е месното население во населените места каде се простира далекуводот, строго да се придржува до сигнализација за предупредување од опасност поставената на столбовите на далекуводот. Тоа е со цел зачувување на безбедноста при изведување на какви било земјоделски работи или градежни активности во близина на далекуводот, согласно одредбите од Законот за eнергетика и техничките прописи. Воедно известуваме дека какво било оштетувања или кражба на елементи од кои се составени столбовите надалекуводот се дела казниви со закон“ - стои во соопштението од МЕПСО.
Новиот далекувод е поставен на 168 челично решеткасти столбови поставена на траса долга 70 километри од Штип до македонскосрпската граница во близина на Куманово. Капацитетот за размена на електрична енергија на овој вод е 600 мегавати. Во изградбата на овој далекувод МЕПСО вложи над 11 милиони евра. Со изградбата на овој далекувод македонскиот електропреносен систем доби петта врска со четири соседни електропреносни системи. И тоа две интерконекции со грчкиот електропреносен систем и по една врска со електропреносните системи на Србија, Бугарија и на Косово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk