Се возобновува фестивалчето „Распеано детство“

18.05.2021 11:08 | KumanovoNews

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, на 27 мај годинава ќе се возобнови најстарото детско фестивалче во државата „Распеано детство“.

Се возобновува фестивалчето „Распеано детство“

На репертоарот ќе бидат 20 нови детски композиции, од многубројни автори. Покрај дечињата од државата, како гости ќе настапат и два изведувачи од Бугарија.

„Фестивалот по подолга пауза ќе се одржи по 16 пат. Подршката од Општина Куманово ни влева надеж дека фестивалот во иднина ќе прерасне во традиција. Фестивалот беше подготвен да се возобнови минатата година, но состојбата со ковид пандемијата го одложија за една година, вели организаторот Драган Митевски, од здружението „Етно Ризница“ од Куманово.

Ова здружение е организатор на фестивалот „Тумба фест“, „Вечерен танц на куклите“, „Шопска свадба“, „Денови на Балканска етно ризница„ и други многубројни активности.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk