Се возобновува Кумановската гитаријада

23.11.2019 11:04 | KumanovoNews

Музички бендови од земјава и регионот ќе настапат на возобновената Кумановска гитаријада, која ќе се одржи во петок со почеток во 18.30 часот, во Занаетчискиот дом во Куманово.

Се возобновува Кумановската гитаријада

Честа да ја отворат гитаријадата ќе им припадне на кумановските рок ветерани кои специјално за оваа вечер ќе ги возобноват нивните бендови: Лектира, Ека Ника, Илинден, Берлински зид, Тумба...

Гости од регионот ќе бидат: "Мајдан" Ниш (Србија), "Парампашчад", Подгорица (Ц.Гора), "Бубњиви", Подгорица (Ц.Гора), "There", Ниш (Србија), "TheThree of us", Скопје (Македонија)

Исто така на фестивалот ќе настапат и бендовите: "Wardencliffe", Куманово, "Misantrope", Битола, "Cursed Heart" Куманово, "Inner Hate", Кичево, "Halfgod", Кичево, "Zima Blue", Велес , "Fiction", Скопје, "Ruststained" Скопје, "Rubin", Куманово.

Победникот на Гитаријада Куманово 2019 ќе биде награден со снимање на песна.

Влезот е слободен.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk