Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по барање на ЈП „Македонски Шуми“, денеска даде согласност за повлекување на целосната и враќање на делумната забрана за движење во шуми.
Оваа делумна забрана не важи за регионите каде што е прогласена кризна состојба, односно за Македонски Брод и Чашка, таму останува на сила целосната забрана за движење во шуми.
Делумната забрана ќе трае сè до проценка дека е намален ризикот од појава на шумски пожари, а не важи за вработените во ЈП „Македонски шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја, за организирана ура на туристи за туристичко рзгледување.
И покрај враќањето на делумната забрана, и во следниот период ќе има засилени контроли на терен од страна на Шумската полиција и Инспекторатот за шумарство и ловство. Исто така засилени контроли ќе се спроведат за да се спречи опожареното дрво да заврши во промет.
Според првичните податоци од ЈП „Македонски шуми“, овој месец се регистрирани 56 пожари, а опожарени се 4.000 хектари. Од овие пожари, досега е завршена постапката за 22 пожари, од кои што штетата е околу 1 милион евра. Првичните анализи покажуваат дека дел од пожарите се подметнати, а дел се предизвикани од невнимание.
Министерството за внатрешни работи, веќе има поднесено кривични пријави против две лица, посебен извешај за едно лице и записиници за две лица, поради постоење сомнение дека сториле кривично дело „предизвикување шумски пожари“ во регионот на Македонски Брод.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk