Се забранува движење на камиони за викендите

26.06.2014 13:03 | KumanovoNews

Од 1 јули стапува на сила измената на режимот на сообраќај на државните патишта и се забранува движење на камиони над 15 тони за викендите и во екстремно жешките денови.

Се забранува движење на камиони за викендите

Забраната за деновите од викендот е: во петок од 17 до 22 часот,  сабота од 9 до 18 часот и недела од 9 до 22 часот.

Во деновите со многу високи температури забранaта ќе важи и од понеделник до четврток од 11 до 17 часот.

Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk