Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Д.С. (33) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “загрозување на сигурност”.
Пријавениот на 27.јануари годинава околу 10.45 часот, додека се движел со ПМВ „БМВ“, на крстосницата на ул. „Никола Вапцаров“ и ул. „11-ти Ноември“ го забележал оштетениот В.М., инаку полициски службеник, со неговото возило, при што пријавениот со голема брзина го поминал оштетениот, му го пресекол патот и се приближил до неговото возило, ја отворил совозачката врата од возилото и му се заканил дека ќе ги убие него, неговиот началник и еден судија, како и нивните деца, доколку не му дадат 4.000 евра.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk