Се запали напуштена куќа

17.09.2015 10:54 | KumanovoNews

Синоќа гореше напуштена куќа на улицата “Димитар Влахов“ бр. 38, зад т.н. Стара црква.

Се запали напуштена куќа

Пожарот го забележале соседите, кои веднаш повикале пожарна плашејќи се дека огнот може да ги зафати и нивните куќи. Во пожарот уништен е само покривот на куќата.

Пожарникарите беа многу ефикасни, многу брзо дојдоа. Доаѓаа неколку пати бидејќи имаше шанси пак да разгори огинот. Внатре сеуште тлее, има чад, може во секој момент повторно да се запали куќата. Чекаме надлежните да направат увид и да преземат нешто. Пред месец - два имаше запалени фармерки, но соседите ги изгасиле и не настанал поголем пожар - вели Маргица Бошковска, соседка.

Од Територијалната противпожарна единица Куманово велат дека пожарот е пријавен во 20.08 часот, по што веднаш излегле на терен.

Со два возила и седум пожарникари огнот е изгаснат во 23 часот. Имаше многу греди, се работи за густо населено место и беше потребно повеќе време да се локализира пожарот - вели Деjан Илиевски, командир на ТППЕ Куманово.

Соседите досега барале од општината да се урне куќата бидејќи е стара, дотрајана и повеќе од 10 години никој не живее во неа. Велат дека куќата претставува потенцијална опасност за минувачите и луѓето кои живеат во близина.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk