Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Куманово, соопштуваат дека првата интервенција била на опожарени копи слама, складирана во напуштен облект на поранешен ЗИК Куманово РЕ Краварство во с. Љубодраг.
„Интервенирано од 7.10 до 9.35 часот, со 3 возила и 6 пожарникари. По два ипол часа пожарот е изгаснат. Причината како и висина на материјалната штета допрва ќе се утврдува“, велат од пожарната единица.
Втора интервенција била на опожарена семејна куќа во нас. „Перо Чичо“, во период од 12.30 до 13.05 часот. Интервенирале со 1 возило и 5 пожарникари, причина за пожарот – неисправна електрична инсталација.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk