Се запали старата општина

10.10.2017 16:24 | KumanovoNews

Пожар избувна вечерва околу 18 часот во старата зграда на општината Куманово.

Се запали старата општина

Според неофицијални информации,  пожарот избувнал во кујната на еден од рестораните што се наоѓа на приземјето на објектот, по што се запалил оџакот и го зафатил кровот на зградата.

На терен се екипи на противпожарната единица, кои  го гаснат пожарот, како и екипи на Брза помош.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk