Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановец се здобил со изгореници од втор степен и пренесен е во Ургентниот центар во Скопје, откако му се запалил автмобилот во движење.
Несреќата се случила вчера околу 15 часот на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, во близина на бензинска пумпа „Дет-Оил“ во населба Доброшане. Додека Д.Ѓ.(40) од населба Вера Которка, управувал патничко возило Рено Клио со кумановски регистарски ознаки, од непознати причини избувнал пожар во внатрешноста на возилото. Пожарот го зафатил и возачот, кој не успеал да ја сопре колата и се здобил со изгореници од втор степен.
Д.Ѓ. бил пренесен во Општа болница Куманово, од каде, поради сериозноста на повредите, бил префрлен во Ургентен центар Скопје.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk