Се запалил камион што чистел снег

11.01.2019 11:08 | KumanovoNews

Се запалил специјален камион-соларка, сопственост на фирмата Биљановце пром, што била ангажирана за чистење на снег за Македонија-пат.

Се запалил камион што чистел снег

Возилотот се запалило на пунктот на Македонија-пат на ул.11 Октомври, вчера околу 15 часот.

Во 14.55 часот добивме повик дека гори камион МАН, кој работел во место и се запалил. Вработените се обиделе да го изгаснат, но откако не успеале се јавија во нашата служба. Излеговме на терен со едно возило и 4 пожарникари. Во 15.55 минути пожарот е изгаснат, - вели командирот на Противпожарната единица КУманово, Деан Илиевски.

Во пожарот изгорела кабината на камионот и електричната инсталација. Предизвикана е голема матерјална штета, а причините за палењето ќе ги утврди полицијата која извршила убид на лице место.

(фото-архива)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk