Се запалил кров на напуштен објект во поранешната касарна во Бедиње

20.03.2025 07:43 | KumanovoNews

Во пожар вчера изгоре кров на напуштен обект во касарната во Бедиње во Куманово. Пожарот избувнал околу 9 часот, по што интервенирала противпожарната единица од Куманово.

 

Се запалил кров на напуштен објект во поранешната касарна во Бедиње

„Во поранешната касарна Бедиње запалена е кровна конструкција на старите објекти. Интевенирано е од 09:20 до 11:34 часот со 3 возила и 6 пожарникари“, велат од Регионалниот центар за уравување со кризи (РЦУК) .

Вчера пожарникарите интервенирале и на гаснење на запален оџак во с. Доброшане, во периодот од 19:50 до 23:00 часот со 1ПП возило и 2 пожарникари, како и на запалена сува трева о Табановце и Косматац.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk