Се запалил мерцедес во движење

26.09.2015 11:09 | KumanovoNews

Автомобил мерцедес вчера се запалил на улицата Никола Тесла.

Се запалил мерцедес во движење

Пожарот избувнал околу 6.30 часот, додека автомобилот се движел. Прво се запалил компјутерот, а потоа огнот се проширил на инсталацијата и ја зафатил внатрешноста на автомобилот. Веднаш била повикана противпожарната единица, која брзо интервенирала и пожарот бил ставен под контрола.

Полицијата извршила увид на опожарената кола, по што ќе се утврдуваат причините за настанување на пожарот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk