Сe затвораат граничните премини и аеродромот во Скопје

16.03.2020 21:12 | KumanovoNews

Македонија ги затвора сите гранични премини од вечерва и аеродромот Скопје од среда попладне,  соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

Сe затвораат граничните премини и аеродромот во Скопје

 - Владата одлучи да се затворат сите гранични премини за странци освен за влез и транзит на товарни возила и за претставниците на дипломатскиот кор, како и за други лица за кои МВР ќе даде позитивно мислење. Се затвора и Меѓународниот аеродромот во Скопје, освен за државни воено карго-медицински хуманитарни и празни летови, по истекот на 48 часа од денот на влегување во сила на оваа одлука, кажа Филипче.

Во земјава до сега има регистрирано 23 лица заразени од коронавирус.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk