Се заварува челичната конструкција на Затворениот базен

23.01.2013 11:24 | KumanovoNews

  Со затоплување на времето се интензивираат градежните работи на изградбата на затворениот базен.

Се заварува челичната конструкција на Затворениот базен

Од Општина Куманово објаснуваат дека повеќе од третина од градежните зафати на Затворениот базен се завршени, а моментно се работи на поставување на челичната конструкција.

Нема застој, работиме со предвидената динамика. Се заварува челичната конструкција, по што ќе се обложи со огнооотпорна боја против пожари. Употребена е голема количина на мрежа и арматура, вкупно 275.000 килограми. Внатрешноста ќе биде со бела боја, а остатокот ќе биде со боја по избор. - вели Момчило Јовановски од секторот за урбанизам на Општина Куманово.

Тој вели дека откако ќе се направи покривот, машинското работење, електрификација внатрешното уредување ќе оди со многу побрзо темпо. Се планира напролет објектот да го добие конечниот изглед. Базенот ќе биде со површина од 4000 метри квадратни, а чини 2,2 милиони евра.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk