Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Центарот за јавно здравје во Куманово регистрирани се 14 нови случаи на ковид-19 од вкупно 72 во земјава. Кај нас во моментот има 71 активен случај.
Во последните 24 часа се направени 5.759 тестирања, а регистрирани се 72 нови случаи на ковид-19. По градови во: Скопје – 20, Куманово – 14, Тетово – 10, Гостивар – 9, Битола – 7, Струмица – 5, Охрид – 3, Кавадарци, Струга, Кичево и Берово - по 1.
Регистрирани сe 9 оздравени пациенти од: Скопје – 3, Куманово и Штип – по 2, Струмица и Кочани – по 1.
Нема пријавени починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 982.469 тестирања на ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.452 бројката на оздравени пациенти е 150.371, на починати е 5.493, а бројот на активни случаи изнесува 588.
Според епидемиолошки анализи во моментов, vо Куманово досега се забоелни 8959, а активни се 71 случај.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk