Се зголемува дотурот на вода во градот

30.04.2013 14:20 | KumanovoNews

 Од синоќа полека се нормализира водоснабдувањето во Kуманово.  До филтер станицата се пуштени дополнители 15 литри во секунда вода, а во текот на денот се очекува дотурот целосно да се нормализира.

Се зголемува дотурот на вода во градот

Денеска сме во контакт со Водостопанство и ветија дека во текот на денот ќе се нормализира снабдувањето со вода на граѓаните на Општина Куманово. Ние се надеваме дека она што е договорено како начин на плаќање ќе трае во наредниот период се до потпишување на договор, а тоа зависи од донесувањето на тарифник кој ќе го донесе Министерството за животна средина - изјави Виктор Божиновски, директор на ЈП “Водовод“.

Од водостопанство велат дека превзеле се за да се подобри дистрибуцијата на водата до филтер станицата.

Ќе направиме напор дистрибуцијата на водата до филтер станицата да се подобри и граѓаните да имаат вода за празниците- изјави Филип Филиповски директор на водостопанство „Кумановско- липковско поле„.

Водовод се обврзал во наредниот период сукцесивно да исплака поголема сума пари од заостанатиот долг за нормално функционирање на водостопанство.

Дали директорите ќе ги исполнат ветувањата останува да видиме.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk