Се злоупотребува ли правото на приоритетен упат?

29.10.2013 14:09 | KumanovoNews

 Од Здружението на матични лекари Куманово, реагираат дека дел од нивните колеги под притисок на пациентите издаваат голем број приоритетни упати што создаваат хаос кај специјалистите.

Се злоупотребува ли правото на приоритетен упат?

На крај на месецот инспектори од Министерството за здравство ќе ги сумираат бројките и ќе проверат дали сите издадени приоритетни упати биле за итни случаи или не. Доколку има злоупотреби можно е да има и казни за лекарите.

Се сложувам дека има лекари кои се под притисок на своите пациенти кои сакаат истиот ден да бидат прегледани. Тие даваат приоритетни упати што сметам дека е злоупотреба бидејќи земаат место на некој кој навистина има приоритет. Најголема вина сносат самите секундарни и терцијални доктори кои на своите пријатели и пациенти, иако матичниот им закажал термин за 10 дена, инсистираат на приоритетен упат - изјави Фатмир Асани, претседател на матичните во Куманово.

Во петок состанок во Општа болница ќе имаат лекарите со претставници од ресорното министерство при што ќе биде разгледана и оваа тема.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk