Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Српската заедница во Македонија-регионален одбор Куманово и Демократската партија на Србите во Македонија, утре во 11 часот ќе положат цвеќе пред Споменикот на загинатите авијатичари во Куманово.
Споменикот се наоѓа на улицата „Никола Тесла“ во Долно Којнаре. Изграден е во спомен на 8 српски пилоти кои загинале при бомбардирањето на аеродромот Аџитепе во Куманово. Нападот на ескадрилата на Кралската војска која била стационирана на аеродромот се случил само два часа пред бомбардирањето на Белград на 6 април 1941 година од германската авијација, кога започнала Втората светска војна.
По тој повод членовите на младинската организација на ДПСМ го исчистиле сметот околу споменикот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk