Сеќавање на жртвите од НАТО бомбардирањето

24.03.2014 14:11 | KumanovoNews

Српската заедница во Македонија денеска одбележа 15 години од бомбардирањата на НАТО врз Србија.

Сеќавање на жртвите од НАТО бомбардирањето

Членови на здружението и на ДПСМ, за помен на паднатите жртви запалија свеќи во црквата Света Троица.

И пo 15 години не можеме да дозволиме жртвите на агресијата врз СРЈ,односно Србија да паднат во заборав. 15 години по ред се собираме на ова свето место во црквата Света Троица за да оддадеме почит на паднатите жртви и на сите оние кои што на некој начин беа оштетени за време на НАТО агресијата врз Република Југославија. Србите во Република Македонија како дел од своите активности во областа на сочувувањето на културниот, верскиот идентитет го вметнаа и 24 март, денот на агресијата на НАТО врз Република Југославија, како еден од важните датуми кои ги одбележуваме. Денеска ги повикавме сите Србите да се соберат на сите места каде што живееме во Република Македонија, да ги посетат светите црковни места, да запалат свеќа за невино изгубените животи за време на НАТО агресијата врз СРЈ и Србија - изјави Иван Стоиљковиќ, претседател на ДПСМ.

Во сеќавање на настанот говореше Розана Деспотовиќ која кажа дека бомбардирањето траело 78 дена и престанало со потпишувањето на Кумановскиот договор согласно резолуција 1244 на ОН.

Во тие денови урнати се фабрики, мостови, патишта, убиени се војници и цивили. Последиците се многу поголеми денес од оние кои загинале во бомбардирањето, бидејќи смртноста од канцерогени заболувања неколкукратно се зголемила.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk