Шеќеринска ќе дебатира со младите кумановци за подобар живот

02.11.2015 14:24 | KumanovoNews

Во Младинскиот културен центар „Козјак“ утре во 19 часот, ќе се одржи дебата како  дел од проектот “Визијата за Македонија“.

Шеќеринска ќе дебатира со младите кумановци за подобар живот

Темата е “Како до подобар живот на младите“, а со младите ќе дебатира потпретседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска и други луѓе од високото партиско раководство како Стефан Богоев, Дарко Давитковски, Петар Атанасов, Маринела Тушева, Цветанка Ласкова и Максим Димитриевски.. Раководството на партијата досега посети повеќе градови во земјава каде се разговараше на различни теми почнувајќи од загадување, образование па се до плати и евроатлантски интеграции.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk