Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Заменик претседателот на СДСМ, Радмила Шеќеринска, утревечер во 19 часот во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ ќе говори на трибина што ја организира СДСМ.
На трибината ќе се зборува за актуелните случувања на политичката сцена во Македонија.
“По успешниот „Црвен ноемвриски марш„, од кој сме многу задоволни како општинска организација, бидејќи повеќето членовите на СДСМ и голем дел од наши сограѓани се одзваа на поканата, и со оваа активност даваме свој придинес на политичкото поле во Куманово, со цел за што подобро појаснување, дообјаснување и презентирање на нашите политики. На трибината ќе се зборува за актуелните, дневно политички состојби во Република Македонија“ - изјави Мартин Костовски, претседател на општинска организација на СДСМ Куманово.
Трибината ќе ја води Радмила Шеќеринска, а ќе присуствуваат: генералниот секретар Оливер Спасовски, градоначалникот Зоран Дамјановски, претседателот на општинската организација, Мартин Костовски, Максим Димитриевски претседателот на Советот, пратеникот од Куманово Љубиша Николиќ, градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски, пратеничката Соња Мираковска и други.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk