Седница на градоначалниците од Североисточниот плански регион

28.02.2011 11:49 | KumanovoNews

Совет за развој на Североисточниот плански регион утре ќе одржи седница на која ќе присуствуваат градоначалниците од Куманово, Крива Паланка, Липково, Старо Нагоричене, Кратово и Ранковце.

Седница на градоначалниците од Североисточниот плански регион

На Дневен ред ќе се најдат следниве точки:

1.Извештај за намалување на средства преку Бирото за регионален развој за 2010 година;

2.Усвојување на проектни резултати за проект од 2009 година:

- Студија за потребите од идни инвестиции во водоводна и канализациона инфраструктура во Североисточниот плански регион со критериуми за приоритизација на инвестициите и системи на управување

3.  Усвојување на проектни резултати за проект од 2009 година:

- Создавање на предуслови за повисок квалитет на живот: Студија и техничка документација за подабра искористеност на социјална инфраструктира во СИПР

4.  Усвојување на проектни резултати за проект од 2009 година:

- Создавање на предуслови за рурален развој, развој на туризмот и мобилноста во регионот преку изработка на техничка документација за патна инфраструктура на ниво на изведбен проект и преку мапирање на постоечката и анализа на потребите од идна патна инфраструктура.

Садницата ќе ја води претседателот на Соверот, градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски.   

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk