Седница на Совет на Општина Куманово - 16 точки на дневен ред

05.03.2024 09:07 | KumanovoNews

Советот на Општина Куманово утре ќе одржи редовна седница. На дневен ред се 16 точки, а ќе се расправа по главно за годишни извештаи и програми за работа на јавни претпријатија, служби, установи.  

Седница на Совет на Општина Куманово - 16 точки на дневен ред

Дневен ред:

1.    Информација за превземени мерки и активности во текот на 2023 година на Полициска станица од општа надлежност Куманово;
2.    Годишен извештај на Територијална противпожарна единица Куманово за 2023 година;
3.    Програма за работа на ТППЕ Куманово во 2024 година;
4.    Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово од 01.10.2023 – 31.12.2023 година;
5.    Годишна сметка и финансиски извештај на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово за 2023 година;
6.    Извештај за работа на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово за 2023 година;
7.    Годишен извештај за работа на ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски“ – Куманово за 2023 година;
8.    Финансиски извештаи на приходи и расходи за 2023 година на Јавната општинска установа Библиотека „Тане Георгиевски“ – Куманово; 
9.    Годишен извештај за настани и манифестации на Фондација за култура и спорт „Куманово“ – Куманово за 2023 година;
10.    Извештај за извршување на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово и на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во Општината Куманово за периодот од 1 јануари 2023 година до 31 декември 2023 година;
11.    Предлог – Завршна сметка на Буџетот на Општина Куманово за 2023 година; 
12.    Годишен извештај на Општина Куманово за 2023 година;
13.    Извештај за извршениот годишен попис во Општина Куманово со состојба на 31.12.2023 година;
14.    Предлог - Одлука за отпис и расходување на основни средства (движни ствари) и ситен инвентар сопственост на Општина Куманово;
15.    Извештај за реализација на Програмата на културни манифестации на Општина Куманово за 2023 година;
16.    Информација за реализирани активности од Програмата за социјална заштита на Општина Куманово за 2023 година.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk