Седница на Советот на Општина Куманово - на дневен ред 28 точки

12.03.2025 12:11 | KumanovoNews

Советот на Општина Куманово утре ќе одржи редовна седница.

Седница на Советот на Општина Куманово - на дневен ред 28 точки

На дневен ред се финансиски извештаи на јавни претпријатија, јавни установи, програми за работа на општината и др.

Дневен ред

1.Предлог – Одлука за верификација на мандат на член на Советот на Општина Куманово;

2. Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово - план“ - Куманово за период од 01.10.2024 – 31.12.2024 година;
3. Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово - план“ – Куманово за 2024 година;
4. Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово од 01.10.2024 – 31.12.2024 година;
5. Годишна сметка и финансиски извештај на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово за 2024 година;
6. Извештај за работа на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово за 2024 година;
7. Годишен извештај за работа на ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски“ – Куманово за 2024 година;
8. Финансиски извештаи на приходи и расходи за 2024 година на Јавната општинска установа Библиотека „Тане Георгиевски“ – Куманово;
9. Предлог – Одлука за давање согласност на Измена и дополнување на Годишен план за вработување во 2025 година на ООУ „Вук Караџиќ” – Куманово;
10. Предлог - Измена и дополнување на Планот на програми за развој на Општина Куманово за 2025 година;
11. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово за 2025 година;
12. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата на активности од областа на заштитата на животната средина и природата на Општина Куманово за 2025 година;
13. Предлог – Програма за изменување на Програмата за субвенционирање на граѓаните за набавка на високоефикасни инвертер клима уреди за затоплување на подрачјето на Општина Куманово за 2025 година;
14. Предлог – Завршна сметка на Буџетот на Општина Куманово за 2024 година;
15. Годишен извештај на Општина Куманово за 2024 година;
16. Предлог - Измени и дополнувања на Буџетот на Општина Куманово за 2025 година;
17. Извештај за извршениот годишен попис во Општина Куманово со состојба на 31.12.2024 година;
18. Предлог - Одлука за отпис и расходување на основни средства (движни ствари) и ситен инвентар сопственост на Општина Куманово;
19. Извештај за реализација на Програмата за урбанистичко планирање на подрачјето на Општина Куманово за 2024 година;
20. Предлог – Одлука за давање согласност на Измена и дополнување на Годишен план за вработување во Општина Kуманово за 2025 година;
21. Предлог – Одлука за исплата на еднократна парична помош од Буџетот на Општина Куманово за 2025 година;
22. Предлог - Решение за констатирање престанок на мандат и избор на член на Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања на Советот на Општина Куманово;

23. Предлог - Решение за констатирање престанок на мандат и избор на член на Комисијата за комунални дејности на Советот на Општина Куманово;

24. Предлог - Решение за констатирање престанок на мандат и избор на претседател на Комисијата за статут и прописи на Советот на Општина Куманово;
25. Предлог – Решение за измена на Решението за определување на членови на Советот на Општина Куманово кои ќе учествуваат при склучување на бракови во Општината Куманово;
26. Предлог – Решение за разрешување на член на Управниот одбор на Јавното претпријатие „Куманово - план” – Куманово;
27. Предлог - Решение за разрешување на член на Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈП „Водовод“ – Куманово;
28. Предлог - Решение за разрешување на член на Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈП „Пазаришта“ – Куманово.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk