Седум години Диво Насеље

09.05.2022 21:54 | Сузана Николиќ

Денеска се навршуваат 7 години од вооружениот напад на терористиката група на македонските вооружени сили во Диво Насеље, кога загинаа 8 припадници на полициските сили, а Куманово два дена живееше во страв и неизвесност дали војната ќе се прошири и на другите делови на градот.

Седум години Диво Насеље

Во Диво насеље на 9 и 10 мај 2015 година животите ги загубија: полицајците Жарко Кузмановски и Сашо Самојловски од с.Брвеница, Ненад Серафимовски од с. Зубовце, Горан Илијевски од Гостивар, Бобан Ивановиќ, Исамедин Османи, Љубиша Аранѓеловиќ и Горан Стојменовиќ од Скопје.

Во Соборниот храм „Свети Никола” денеска се одржа панихида во чест на загинатите припадници на безбедносните сили.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk