Седум лица повредени во сообраќајка на патот Куманово-Липково

05.04.2021 10:11 | KumanovoNews

Седум лица се повредени во сообраќајна незгода што синоќа во 21.30 чaсот се случила на регионалниот пат Куманово-Липково, кај с.Опае.

Седум лица повредени во сообраќајка на патот Куманово-Липково

 Според МВР, до сообраќајката дошло при судир на патничко моторно возило „сеат ибица“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.М.(51) од с.Липково и патничко моторно возило „бмв 730“ со швајцарски национални ознаки, управувано од А.С.(26) од с.Опае.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „сеат ибица“, Р.М.(43) од с.Липково, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и уште четири сопатници од двете возила, констатирани во Ургентниот центар Куманово.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk