Седум литри дожд наврнаа во Куманово

07.09.2019 10:33 | KumanovoNews

Седум литри дожд на метар квадратен наврнале во изминатите 12 часа во Куманово. Најмногу дожд напаѓал во Берово 45 литри, а најмалку во Скопје 1 литар на метар квадратен.

Седум литри дожд наврнаа во Куманово

Времето денеска ќе биде променливо облачно, на повеќе места ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилни врнежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град.

Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 30 степени. УВ=5

Утре ќе преовладува сончево време со умерена облачност, околу пладне и попладне ќе има краткотраен локален дожд и ретки грмежи.

Од понеделник времето ќе биде претежно стабилно и топло со слаб до умерен јужен ветер.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk