Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На автопатот Скопје–Куманово, кај наплатната рампа Романовце, ноќеска биле откриени седум мигранти од Египет.
При сообраќајна контрола на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи, во 2 часот по полноќ било сопрено патничко моторно возило „Фолксваген Шаран“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.И. (44) од Тетово.
„При контролата во возилото биле забележани лица кои при легитимирање немале никакви документи за идентификација. Во разговор со возачот, тој посочил дека требало да ги превезе лицата од Гевгелија до Куманово. Во возилото се превезувале седум лица, сите по нивен исказ државјани на Египет, на возраст од 17 до 52 години. Возачот и мигрантите се лишени од слобода. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, соопшти МВР.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk