Седум неексплодирани мини пронајдени во кумановско

22.07.2014 14:11 | KumanovoNews

Седум неексплодирани убојни средства и мини, од почетокот на годинава, се пронајдени на подрачјето на Куманово, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување.

Седум неексплодирани мини пронајдени во кумановско

Неексплодираните мини претежно ги наоѓаат мештаните во селата.

  - Најчесто наоѓаат неексплодирани рачни гранати и бомби кои се скриени во старите згради. Во Липково, пронајдени се парчиња од воениот конфликт од 2001 година, претежно неескплодирани гранати и рачни бомби, додека во останатите општини кои ги покрива подрачното одделение на Дирекцијата се наоѓаат парчиња од Втората светска војна. Во Крива Паланка пак најчесто се наоѓаат парчиња од Првата светска војна - изјави Гоце Илиќ,пиротехничар во подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување.

Од почетокот на годинава во североисточниот регион се најдени вкупно 15 парчиња од кои по 3 во Липково и Кратово, а во Старо Нагоричане 2 парчиња.

Пронајдените парчиња претходните години се уништуваа кај Зебрњак, а последниве години на полигонот во Криволак каде се уништуваат заедно со пронајдените неексплодирани мини од другите региони на државата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk