Седум нови случаи и 12 оздравени од коронавирус во Куманово

23.09.2020 18:03 | KumanovoNews

Во последните 24 часа на ниво на државата регистрирани се 183 нови случаи на ковид-19, а направени се 1769 тестирања.

Седум нови случаи и 12 оздравени од коронавирус во Куманово

По градови: Скопје 51, Кочани 20, Прилеп 15, Тетово 13, Гостивар 9, Куманово и Струмица 7, Крива Паланка 4 и др.

Починати се 5 лица, пациент од Скопје (51), од Дебар (68), од Крива Паланка (58), Радовиш (71) и Кочани (66). Сите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 102 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 179.404 тестирања на Ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17049, бројката на оздравени пациенти е 14186, на починати е 710, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2153.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk