Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во последното деноноќие регистрирани се осум нови случаи на коронавирус во Центарот за јавно здравје во Куманово. Од нив 7 се во Куманово и еден во Липково.
Во земјава се откриени нови 176 заболени од ковид-19, од направени 870 тестирања.
По градови:Скопје 61, Куманово 8, Дебар 1, Штип 14, Прилеп 5, Тетово 22, Струга 19, Велес 5, Битола 3, Охрид 14, Гостивар 7, Струмица 1, Кочани 2, Пробиштип 1, Демир Хисар 1, Пехчево 1, Кичево 6 и Ресен 5.
Починати се девет лица, седум пациенти од Скопје, еден од Тетово и еден пациент од Струга.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 80 оздравени пациенти. Од Куманово еден.
Досега во земјата се направени вкупно 58.765 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6080, бројката на оздравени пациенти е 2315, на починати е 286, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3479.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk