Седум новозаболени и 31 оздравен пациент од коронавирус во Куманово

08.07.2020 13:38 | KumanovoNews

Во Центарот за јавно здравје во Куманово, откриени се 7 нови случаи на заболени и 31 оздравен од ковид-19.

Седум новозаболени и 31 оздравен пациент од коронавирус во Куманово

На ниво на државата регистрирани се 163 нови случаи од вкупно 1794 тестирања.

По градови: Скопје 87, Куманово 7, Дебар 2, Штип 10, Прилеп 3, Тетово 16, Струга 8, Охрид 1, Кавадарци 1, Демир Хисар 1, Гостивар 8, Струмица 1, Кратово 1, Свети Николе 9, Кичево 3 и Ресен 5.

Починати се 8 лица, шест пациенти од Скопје, еден од Дебар и еден пациент од Тетово.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 230 оздравени лица од: Скопје 126, Куманово 31, Штип 11, Прилеп 1, Тетово 45, Велес 7...

Досега во земјата се направени вкупно 71.220 тестирања на ковид -19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7406, бројката на оздравени пациенти е 3554, на починати е 359, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3493.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk