Седум новозаболени од коронавирус во Куманово

07.04.2020 12:47 | KumanovoNews

Седум нови случаи заразени со коронавирус се регистрирани во Куманово, со тоа вкупниот број се искачи на 128.

Седум новозаболени од коронавирус во Куманово

 Од Министерството за здравство потврдија дека вчера починале двајца пациенти од Куманово, едниот на  Клиниката за инфективни и фебрилни состојби, на 52-годишна возраст и другиот пациент потврден на вирусот на возраст од 53 години.

Уште тројца пациенти заболени од коронавирус од: Лабуништа-Струга (65г),  Челопек – Тетово (62г) и  Штип (81г), починале на клиниката во Скопје.

Во изминатите 24 часа, регистрирани се 29 нови случаи, позитивни на коронавирусот. По градови: Скопје – 15, Куманово -7, Прилеп – 1, Струга 3 и Кочани – 3.

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 599 лица. Според местото на живеење, досега случаи на Ковид -19 се регистрирани во:

Скопје – 254

Куманово - 128

Дебар – 49

Штип-20

Прилеп –34

Тетово – 29

Струга – 28

Велес – 10

Битола –6

Охрид –3

Кавадарци – 2

Гостивар – 4

Гевглелија – 4

Струмица – 2

Крива Паланка- 3

Радовиш -4

Крушево – 2

Кочани – 17

Во изминатото деноноќие направени се 386 теста.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk