Седум новозаболени од коронавирус во кумановско, 150 во земјава

27.06.2020 13:21 | KumanovoNews

Во Центарот за јавно здравеј во Куманово регистрирани се нови 7 случаи на заразени од вирусот ковид-19.

Седум новозаболени од коронавирус во кумановско, 150 во земјава

Во последните 24 часа се направени 1086 тестирања, а регистрирани се 150 нови случаи на ковид-19 во земјава. По градови: Скопје 93, Куманово 7, Штип 3, Прилеп 4, Тетово 12, Струга 3, Битола 1, Охрид 9, Гостивар 3, Кочани 1, Кичево 8, Ресен 5 и Неготино 1.

Починати се 9 лица, шест пациенти од Тетово и тројца пациенти од Скопје.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 30 оздравени пациенти во:Скопје 21, Штип 3, Прилеп 2,  Тетово 3 и Битола 1.Досега во земјата се направени вкупно 57.895 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5906, бројката на оздравени пациенти е 2236, на починати е 277, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3393.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk