Седум заболени од коронавирус од Кумановската болница префрени на Инфективната клиника во Скопје

17.04.2020 19:11 | KumanovoNews

Седум пациенти заболени од коронавирус кои се лекуваа на Инфективното одделение во Кумановската болница денеска се префрлени на Клиниката за инфективни болести во Скопје, кажа министерот за здравство Венко Филипче.

Седум заболени од коронавирус од Кумановската болница префрени на Инфективната клиника во Скопје

Причина е намалениот број на здравствени работници во болницата, поради тоа што се заразени од вирусот КОВИД 19 или се наоѓаат во самоизолација.

- Со директорката на болницата се договоривме сите хоспитализирани таму, со оглед на тоа што бројот на вработени намален и дел од вработените се во самоизолација, да се префрлат на Инфективаната клиника во Скопје. Се работи за седум хоспитализирани пациенти, а понатаму Инфективното одделение во Куманово ќе функционира на тој систем што таму ќе се прави тријажа и проценка на здравствената состојба и во координација со министерството и директорката на Инфективната клиника и директорот на болницата „8 Септември“, ќе се прави проценка дали дел од пациентите ќе бидат упатувани во Скопје или ќе останат да се лекуваат во Куманово, - рече Филипче.

Кај само двајца од 210 здравствени работници од Кумановската болница на кои им беа направени серолошки тестови пронајдени сe зголемени антитела и тие ќе бидат тестирани на вирусот.

На прашањето како е можно тој како министер да не е запознаен дека сопругата на еден од членовите на Општинскиот кризен штаб во Куманово е позитивна на коронавирус, пред завчера тој и премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи, и министреот за образование Арбр Адеми да одат на заеднички состанок со нив, Филипче рече дека увид прави Државниот здравствен и санитарен инспекторат и ќе го почекам официјалниот извештај.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk