Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Седумдесет деца од ранливи семејства и деца без родители, денеска заминаа на бесплатно зимување во одмаралиштето Пелистер.
Со нив на зимски одмор отидоа и 11 придружници. Се работи за деца кои се ученици во петто, шесто, седмо и осмо одделение. На трошок на државата ќе добијат зимски одмор со пет полни пансиони, едукативни, спортски и забавни активности.
Оваа година околу 1000 деца од цела Македонија добија шанса за бесплатен одмор.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk